Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЕХФ го смести ЖРК Вардар во вториот „шешир„ за групите во ЛШ
ЕХФ го смести ЖРК Вардар во вториот „шешир„ за групите во ЛШ

ЕХФ го смести ЖРК Вардар во вториот „шешир„ за групите во ЛШ

Денеска во седиштето на ЕХФ беа одредени шеширите во кои ќе бидат сместени сите екипи кои обезбедија директен пласман во групната, фаза како и оние кои преку квалификациите ќе стигнат тука. Нашиот шампион, екипата на Вардар се наоѓа во вториот по квалитет “барабан“ пред извлекувањето на групите. Во вториот шешир сме заедно со екипите на ЦСМ Букурешт, Крим и Турингер.

Вака изгледаат сите четири шешири:

Шешир 1: Ференцварош, Будуќност, Ларвик, Митјиланд

Шешир 2: ВАРДАР, Крим, ЦСМ Букурешт, Турингер

Шешир 3: Ростов Дон, Савехоф, Хипо, Подравка

Шешир 4: Флери, Љубљин, квалификант 1, квалификант 2.

Извлекувањето е закажано за петок, со почеток од 19:15 часот.