Завршниот турнир во Кадетска женска конкуренција ќе се одржи во салата „Р. Р. Ричко“ – Прилеп, натпреварите ќе се одиграат во сабота (08.06.2019). Организатор на Фајнл Фор турнирот е екипата на ЖРК Деспина. Девојките на Платон и Папуџиева завршија како лидери во групата-2 и така обезбедија завршен турнир.
Одличната пролет и седумте победи за пионерките на Вардар во исто толку меча донесоа бенефити. Ние како лидери го избегнуваме тимот на ЖРК Металург кој беше лидер во другата група и ќе се бориме за место во големото финале против скопскиот ривал, ЖРК Шампион. Вака изгледаат термините за завршниот турнир.
Распоред на натпревари (08.06.2019):
10.00 часот ЖРК МЕТАЛУРГ – ЖРК ДЕСПИНА
12.00 часот ЖРК ШАМПИОН – ЖРК ВАРДАР
17.00 часот натпревар за трето место
19.00 часот ФИНАЛЕ