Се одигра големото финале во женската кадетска ракометна конкуренција во Градот Струга. Во финалниот дуел на Ф-4 турнирот, Вардар се соочи со домаќинот тимот на Стружанка. Девојките на Платон и Папуџиева беа совладани по изведувањето на пеналите..
Првиот дел почна со борбена игра на двата тима на теренот, двата колектива поскауваа да дојдат до осетна предност. Вардар беше подобар во првата половина од овој период, во напад погодувавме, во одбрана бевме добри, свои одбрани имаше и голманот Ѓорѓиевска. Поведовме со три гола(4-7) и ја контолиравме играта, потоа следеа минути на ривалот кој влезе во серија. Со серија 5-1 домаќинот поведе со резултат 9-8 на оваа средба пред самиот финиш, нашите девојки успеаа да заминат на одмор со резултатска симетрија, односно со реми резултат 9-9.
Вториот дел започна со борбена игра, двата тима во текот на истиот се бореа и постојано беа околку резултатската симетрија, Дуелот заврши реми, 20-20. по пеналите домаќинот ја одбрани круната во кадетската лига.