ЖРК Вардар денес ги почна летните подготовки за следната сезона 2016/2017. На првиот тренинг дел од екипата се и две од вкупно петте нови ракометарки кои го засилија тимот, Словенката Тамара Мавсар и Белорусинката Дијана Илина, а пак другите три девојки: Камила Херем, Мајса Песоа и Александра Лакрабере ќе се приклучат по завршувањето на Олимпијадата во Рио, Бразил. Девојките на Кастратовиќ по оваа прва фаза во Скопје тимот ќе заминеме во во Терме Зрече-Словенија, каде ќе останеме до 18 месецов.