Екипата на ЖРК Вардар се наоѓа во Подгорица, каде го одигра првиот меч во рамките на последниот турнир од регионалната лига. Избраничките на Дибирова и Парондо славеа против домашниот тим на Будуќност (26:27). Најефикасна беше Пенезиќ со 7, додека Лекиќ додаде 6 голови. Погледнете неколку фотографии од овој дерби меч во регионалната лига.