Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар има златен медал на СП во Германија, Лејно и Лакрабер ја симнаа Норвешка од светскиот трон
Вардар има златен медал на СП во Германија, Лејно и Лакрабер ја симнаа Норвешка од светскиот трон

Вардар има златен медал на СП во Германија, Лејно и Лакрабер ја симнаа Норвешка од светскиот трон

Франција е новиот светски владател, откако успеа вечерва во големото финале на СП во Германија да ја победи селекцијата на Норвешка, која беше актуелен светски и европски шампион. Во еден квалитетен натпревар, кој му доликува на едно големо финале, Франција успеа да слави и да го освои златниот медал на мундјалот.

Финалето започна добро за Франција, но и за Амандин Лејно која одбрани два удари во првите минути од мечот, благодарение на кои нејзината репрезентација поведе со 2:0. Норвешка бргу го возврати почетниот удар и со серија од четири последователни голови, дојде до предност од 2:4. Гледавме добар ракомет, во кој двете селекции многу го посакуваа златниот медал. Лејно со уште една своја одбрана и овозможува на Франција напад за израмнување, а него го реализира Ландре која во 9 минута го израмнува резултатот на 4:4. Во следните пет минути, скандинавките постигнаа два последователни голови и зголемија на 4:6, додека Лејно успева да одбрани пенал и спречува поголема негатива за својата селекција. Ова разлика од два гола, Норвешка ја одржуваше се до 18 минута, кога и Франција сврза два гола и одново го израмни резултатот, овој пат на 8:8. До крајот на првото полувреме гледавме малку голови, а благодарение на осум одбрани кои ги имаше Лејно, Франција на одмор замина со предност од 11:10.

Второто полувреме започнува со гол на Лакрабер која зголеми на 12:10, а Нора Морк повторно не успева да ја совлада Лејно од ударот од седум метри. Во следните пет минути “триколорите“ успеаа да стигнат и до највисоки три голови разлика (14:11). Норвешка одржува резултатска неизвеснот и во 40 минута стигнува до само еден гол негатива (15:14), додека три минути подоцна Локе успева да го израмни резултатот на 16:16. Следи период кога се игра гол за гол на двете страни и ниту една од репрезентациите не успеваат да поведат со повеќе од еден гол разлика. Франција најпрво поведе со 19:18 во 52 минута, за Норвешка со два гола во серија да ја превземе  предноста од 19:20. Поранешната Вардарка, Алисон Пино донесе нова предност од 22:21 и не дозволи до крај да ја испуштат. Каков финиш, Лакрабер постигнува гол за 23:21, а Лејно спречува нов удар на Норвежанките и повеќе немаше време. Франција е нов светски шампион, а Лакрабер и Лејно се Вардарките кои освоија златен медал на овој мундијал.

Лејно е една од најдобрите играчи за Франција на овој мундијал, која во финалето имаше двоцифрен број на одбранети удари.