Големата надеж на Македонскиот ракомет и член на Жрк Вардар Сара Ристовска е прогласена за најдобар дебитант, во второто коло од лигата на шампиони. Последното засилување за црвено-црните кое стигна пред почетокот на сезоната, почна да ги опрадвува очекувањата на тренерскиот тандем Питлик-Кастратовиќ.
Ристовска започна како стартер на десната крилна позиција пред Јованка Радичевиќ и успеаа да го заврши натпреварот со четири постигнати голови. Ова е секако големо признание за оваа млада ракометарка, чија иднина допрва доаѓа. Раководството на Жрк Вардар направи вистински избор со нејзиното донесување во клубот. Видеото може да го погледнете- ТУКА