Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар денес гостува во дербито кај ЖРК Куманово
Вардар денес гостува во дербито кај ЖРК Куманово

Вардар денес гостува во дербито кај ЖРК Куманово

Денес, сабота, во рамки на 23.коло од женската Супер ракометна лига, црвено-црните играат ново дерби. ЖРК Вардар гостува кај екипата на Куманово во истоимениот град. Ова е натпревар на првопласираните две екипи по одиграни 22.рунди. Домаќинот е благ фаворит, тие го освоија Купот оваа сезона, во лигата се без пораз и со само едно реми она против избраничките на Ристова и Царчев во Јане Сандански.

Натпреварот е закажан со почеток во 18-30 часот во салата „Перо Наков“.