Од четвртокот започна Европското првенство за младинки, кое се одржува во Валенсија. На ова првенство не преставуваат 11 девојки кои настапуваат за ракометниот клуб Вардар. Од втората екипа на Жрк Вардар, за Македонската селекција настапуваат Нина Ладева, Стефанија Мишевска, Ангела Тодоровска, Ангела Петровска, Теодора Керамитчиева Нина Бојаџиска и Наташа Нолевска. Од првиот тим доаѓаат Сара Митова, Драгана Петковска, Симона Стојановска кои играат за Македонија и единствената која е дел од друга селекција на ова ЕП е младата Итана Грбиќ, која ги брани боите на Црна Гора. Македонија и Црна Гора имаат по една победа, од два одиграни натпревари. Во последното коло од групите каде играат, ќе го решаваат патот за понатаму.
На вчерашниот дуел, Црна Гора забележа висока победа против Хрватска со резултат 25:17. Една од најзаслужните за остварување на првиот триумф е и Вардарката Грбиќ која постигна четири голови. На крајот од мечот Грбиќ сосема заслужено ја доби наградата за најдобар играч на овој натпревар. Итана е талентирана ракометарка и се смета за голема надеж на ракометот во оваа земја. Нејзиниот потенцијал беше откриен и препознаен од Кастратовиќ која ја донесе во Вардар. На почетокот на сезоната настапуваше за вториот тим, но како доаѓаше крајот на сезоната добиваше шанса и за првата екипа.