Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Алена Ихнева не е повеќе дел од ЖРК Вардар

Алена Ихнева не е повеќе дел од ЖРК Вардар

Руската интернационалка, Алена Ихнева не е повеќе дел од ЖРК Вардар. Оваа вест преку својата официјална страна ја соопшти клубот, според која двете страни спогодбено го раскинале договорот. Ихнева играше две сезони во Вардар и на два пати ја освои двојната круна во Македонија и бронзениот медал од лигата на шампионите. Во најголемото ракометно натпреварување постигна 41 гол во црвено-црниот дрес. Во Вардар пристигна од екипата на Лада Тољати. Големата конкуренција на оваа позиција ја натера Ихнева да побара нова средина, каде ќе може да ги покаже своите квалитети кои несомнено ги поседува. Вардар на лев бек ја има стандардната Андреа Пенезиќ, а тука се и Сања Дамњановиќ, како и Андреа Лекиќ и Дијана Илина кои можат да одговорат на оваа позиција.

-Ихнева изрази желба да замине, и тоа клубот го почитува давајќи и можност да продолжи во друга спортска средина. Две сезони ги бранеше боите на Вардар, и клубот е среќен што во своите редови имаше таков играч. На Алена и посакуваме многу среќа во спортската кариера и животот, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар за официјалната страна на клубот.