ЖРК Вардар се закити со „сребро“ во Купот на Република Македонија, во полуфиналето го совладавме тимот на Чаир, во финалниот дуел Куманово беше подобар. Во Автокоманда се одигра завршницата на овој турнир, по крајот на истиот покрај медалите беа поделени и личните признанија.
Како и во 2019 кога Симона Грујовска дојде до наградата, така и оваа година најдобриот голман го има повторно црвено-црниот тим. Станува збор за младата надеж на македонскиот ракомет, Илиќ Андреа. Таа доби признание за најдобар „чувар на мрежата“ на оваа Куп завршница, за кое и упатуваме честитки. Стандардно на сите ф-4 настани наградите ги „собираат“ пуленките на Царчев Александар што е показател на неговата квалитетна работа во нашите голмани.