Капитенот на Жрк Вардар Ина Суслина и на овој натпревар покажа што значи да си капитен на екипата, и лидер.
Феноменалната русинка на голот на Вардар бележи одлични настапи оваа година во дресот на Вардар.
На крилата на своите одлични одбрани, ја дигаше публиката на неколку наврати, исто така и ги отпиша повеќето од гостинските ракометарки по неколку удари кон нејзиниот гол.
Вистинско богатство има Жрк Вардар крај стативите.
На вчерашниот меч Суслина запиша 15 одбрани, со два одбранети седмерци. Исто така и нејзината колешка Амандин Лејно имаше клучни две одбрани во серија, најпрвин го одбрани пеналот во последната минута, и одбиената топка.
Фото: zrkvardar.mk