Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Полина Кузнецова: Среќна сум што ќе играм за професионален клуб како Вардар

Полина Кузнецова: Среќна сум што ќе играм за професионален клуб како Вардар

ЖРК Вардар донесе супер засилување на левата крилна позиција, станува збор за  трофејната  руска ракометарка Полина Кузнецова. Таа  потпиша двегодишен договор со вардарки. Новото засилување има голем број медали во својата кариера, покрај тоа има и индивидуални награди на големи натпреварувања. Кузнецова во својата изјава за новиот клуб вели:

Потпишав договор со Вардар договор на две години, јас долго чекав да се обидам во некој европски клуб надвор од Русија и навистина сум среќна што ќе играм за професионален клуб како Вардар. Навистина се надевам дека преку настапите во Вардар ќе достигнам ново ниво-  вели Кузнецова.