Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дибирова: Горда сум на девојките и благодарна што бев тренер на овој тим -Лејно: Многу ја сакавме победата, но Ѓер беше посреќен
Дибирова: Горда сум на девојките и благодарна што бев тренер на овој тим -Лејно: Многу ја сакавме победата, но Ѓер беше посреќен

Дибирова: Горда сум на девојките и благодарна што бев тренер на овој тим -Лејно: Многу ја сакавме победата, но Ѓер беше посреќен

Вардаркки дадоа се од себе, но крајот немаа среќа и беа поразени од екипата на Ѓер, дури по две продолженија. Втора сезона по ред го губиме финалето токму од овој противник, кој имаше повеќе сили и среќа во завршните минути. Ова е втор сребрен медал за црвено-црните во своето петто учество на завршните турнири во Будимпешта. На завршната прес-конференција, тренерот на Вардар, Ирина Дибирова истакна дека е горда на играчите и дека им посакува среќа во иднина.

-Се подготвувавме за овој натпревар цела сезона, но на крај не успеавме. Горда сум на ракометарките, се бореа и реализира се што беше договорено, но на крај не успеавме. Вечерва немавме среќа, на девојките им посакувам среќа во иднина. Горда сум на девојките и благодарна што бев тренер на овој тим.

Лејно беше најдобриот играч на Вардар во финалето, таа имаше дури 18 одбрани и го доби признанието за најкорисен играч на Ф4 турнирот.

-Многу ја сакавме победата, но видовте и самите дека беше навистина тежок натпревар. Се подготвуваме за титулата, сите го посакувавме тоа, но Ѓер е квалитетна екипа кој беше и посреќна па повторно стигна до трофејот. Нас ни е жал што во последната сезона овој состав на девојки не успеа да дојде до трофејот.