Овие два дена, екипата на ЖРК Вардар е дел од вториот турнир во регионалната лига, кој се игра во градот Копривница. Црвено-црните со триумф го отворија истиот и тоа во дуелот со домашната екипа на Подравка. Едно полувреме ни беше потребно да ги доведеме работите на место и да славиме убедливо, со резултат 30:19. Цели 30 минути, Подравка пружаше силен отпор и не дозволуваше Вардар да направи поосетлива предност. Сепак во второто полувреме дојде до израз нашиот квалитет и не само што победивме, тука триумфот беше изразен и со двоцифрена разлика. Во овој дел од мечот примивме само пет погодоци. По завршување на натпревеварот, помошниот тренер на Вардар, Аце Станковски со свое видување за прикажаната игра:
-Во првото полувреме не ја игравме најдобро 6-0 зоната, и примивме 14 гола, и тоа ќе мора да го поправиме. Ќе треба и дуел играта да ја поправиме, и таа да биде во преден план. Кога сменивме на 5-1 одбрана покажавме поголема агресивност, и така ги натеравме противниците да направат многу повеќе технички грешки. Во контра лесно потоа реализиравме. Се надевам ќе продолжиме подобро да играме и на следниот меч. Она што го игравме денеска ни дава надеж дека можеме многу агресивно да играме, отколку таа 6-0 зона.
Крилото Мавсар го предводеше Вардар до победа со 7 постигнати голови.
-Среќна сум што победивме, иако отвориме лошо во овој меч. Првото полувреме не бевме на нивото што се очекува од нас. Откако почнавме да игравме 5-1 имавме многу повеќе контри и заслужено победивме,