Членот на црнагорската репрезенација и играч на Жрк Вардар Јованка Радичевиќ е избрана за најдоброто десно крило на штотуку завршеното светско првенството во Данска. Исто така Радичевиќ се до крај беше во “мртва трка“ за признанието најдобар стрелец сепак го освои второто место со 60 погодоци три помалку од Кристина Неагу.
Воедно романката Неагу е прогласена и за МВП на првенството и најдобар лев бек во идеалниот тим. Во иделниот топ-7 состав има три Норвежанки, две Романки , една Црногорка и една репрезенативка на Холандија. Топ-7 составот на овој планетарен собир е следниот :
- Десно крило – Јованка Радичевиќ (Црна Гора)
- Десен бек – Нора Мерк (Норвешка)
- Среден бек – Стине Офтедал (Норвешка)
- Лев бек – Кристина Неагу (Романија)
- Лево крило – Валентина Ардеан Елисеи (Романија)
- Пикер – Хајди Локе (Норвешка)
- Голман – Тес Вестер (Холандија)