Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Томинела Јованчевска: Јуниор лигата е одлична можност за сите млади играчи, целта на секој е да напредува и биде подобар
Томинела Јованчевска: Јуниор лигата е одлична можност за сите млади играчи, целта на секој е да напредува и биде подобар

Томинела Јованчевска: Јуниор лигата е одлична можност за сите млади играчи, целта на секој е да напредува и биде подобар

Зад нас е првата успешно реализирана година од големиот ракометен проект на машкиот и женскиот црвено-црн колектив вардаровата “Јуниор лига“. Во истатата се натпреваруваат дечињата во машка и женска конкуренција во повеќе возрасни категории од вардаровите регионални ракометни школи. Школите учествуваат со свои екипи во оние генерации каде имаат доволно играчи за составување тим, а во одредени генерации каде има помал фонд на играчи се формираат тимови т.н “Академија“ во кои се спојуваат играчи од иста возраст од неколку школи со цел напредок и создавање идни членови за вардаровите екипи. Се очекува во новата сезона да се зголеми бројот на ракометни школи во академијата на Вардар и да гледаме поквалитетни натпревари. Најдобрите играчи од првата сезона веќе се приклучија во младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Една од нив е Томинела Јованчевска која во новата сезона ќе настапува за младинките на Вардар, под водство на тренерот Анжела Платон..

-Ракомет тренирам од моите 11години, активно се занимавам со овој спорт веќе 6години. Најпрво започнав во академијата на ракометниот клуб Металург. Желбата за тренирање на овој спорт се случи сосема спонтано, најпрвин почнав рекреативно но потоа прерасна во нешто поголемо. “Јуниор“ лигата е навистина добра шанса за сите тимови да ги покажат своите знаења кои ги стекнале досега. Како за прва “Јуниор“ лига мислам дека е многу добро и соодветно организирана и претставува одлична можност за сите тимови и играчи да се докажуваат. Навистина сум задоволна од соработката во нашиот тим. Заедно со девојките се трудевме да го извлечеме нашиот максимум на сите натпревари. Се се случи во текот на јуниор лигата.

Токму Јуниор лигата им ја даде првата можност да стигнат до поголемо ниво во својата играчка кариера.

-Заедно со мојот тим и девојките успеавме да изиграме добри натпревари во кои трудот кој го вложувавме на напорните тренинзи си го направи своето. Искрено не очекував дека ќе ме повикаат да бидам дел од Вардар , но сепак целта на секој играч е да се надоградува, напредува и станува подобар, изјави Томинела Јованчевска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски