Денес во спортската сала “Кале“ се одигра дел од петтото коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Кај девојките родени 2002 и 2003 година се одиграа два дуела во кои победа однесоа екипите на РК Шампион и РК Кастратовиќ.
Во првиот меч утрово РК Шампион Вардар однесе победа над РК Ново Лисиче Вардар. Први со погодок овој меч го отворија девојките од Шампион кои поведоа со 1-0, на овој гол веднаш одговорија Ново Лисиче кои изедначија на 1-1, Потоа двете екипи погодија уште по еднаш за во петтата минута да влеземе со резултат 2-2. Следува период во кој Шампион е далеку подобар противник влегувајќи во серија, тие направија серија 5-1 со која се одлепија на 7-3. Со овој резултат на семафорот во “Кале“ се замина на одмор по крајот на првиот дел.
Вториот дел почна со погодок за избраниците на Лина Треновска, екипата на Шампион. Екипата на Ново Лисиче не успеваше во вториот дел да погоди а постојано примаше погодоци, со серија 7-0 Шампион отиде на неверојатни 14-3 пред финишот. До крајот Ново Лисиче успеа да даде само почесен гол во вториот дел со кој го ублажија поразот 14-4. Кај победникот најефикасни беа Димитровска со 7 и Филипова со 4 гола. Кај поразените Василева постигна 2 гола.
Во вториот дел екипата на РК Кастратовиќ беше поуспешна од тимот на РК Будимир. Први поведоа девојките на Кастратовиќ веднаш потоа девојките на Будимир изедначи на 1-1. Со два последователни гола Кастратовиќ поведе со 3-1, девојките на Будимир се вратија и намалија на 5-4 . Следуваше серија 4-0 со која дамите од екипата на РК Кастратовиќ во финишот поведоа со 9-4, на одмор на овој дуел се отиде со резултат 9-5.
Вториот дел Кастратовиќ повторно го започнува со серија , тие првата 4-1 и поведуваат со 13-6 со што веќе се насетуваше победникот на овој дуел. Девојките на Будимир имаат период во кој се подобар противник тие намалуваат на 15-10. Сепак до крајот следува серија 5-0 со кој Кастратовиќ однесе победа со 20-10. Најдобри поединци кај победниците беа Пешиќ со 6 гола. Кај поразените се истакна Атанасовска со 4 гола.