Денес во големата сала при С. Ц “Јане Сандански“ се одигра вториот ден од овој натпреварувачки викенд, трет пролетен во Вардар Јуниор ракометната лига. Кај девојките во генерацијата 2004/2005 се одиграа три дуели денес. Во истите постигнати беа следниве резултати.
Во првиот дуел РК Ново Лисиче дојде до победа во мечот со РК Општина Кисела Вода со високи 19-5. Први со гол мечот го отворија девојките на Ново Лисиче. Тие во текот на првиот дел доминираа целосно и постигнаа 7 гола, а непримија ниту еден на одмор отидоа со водство до 7-0. Вториот дел со гол први го отворија девојките на Ново Лисиче, но веднаш во следната акција Кисела Вода врати со првиот нивни гол денес. Во вториот дел Ново Лисиче за разлика од првиот одигра подобро постигна дури пет гола. Сепак доминираше Ново Лисиче кое победи со 19-5. Кај победникот Борјана Коцевска имаше 7 гола, Миа Ѓурчиновска со 3 гола беше прв стрелец кај поразените.
Во вториот дуел Кастратовиќ Вардар однесе победа над Вардар ДБ од Кавадарци со 22-7. Во овој дуел први со гол отворија девојките на РК Кастратовиќ, тие на почетокот поведоа со 0-2. Кавадарчанки намалија на 1-2 по што скопските девојки со серија 0-3 се одлепија на 1-5. РК кастратовиќ од минута во минута го зголемуваше водството и на одмор отиде со “осум плус“ односно 3-11.
Вториот дел со гол го почнаа девојките на Вардар ДБ тие намалија на 4-11 на стартот. Следуваше серија на РК Кастратовиќ од 0-5 со која се одлепија на 4-16 и најавија висока победа. До крајот се беше формалност од минута во минута скопските девојки го зголемуваа водството, тие триумфираа со 15 гола предност , односно со резултат 22-7. Кај победникот Ања Јолаковска со 7 гола беше најеефикасна, а кај поразените Благица Јованова имаше 6 погодока.
Во третиот дуел од оваа категорија се сретнаа екипите на РК Ново Лисиче кое триумфираше со Вардар ДБ. Тие победија во овој дуел со 24-7. Први со гол мечот го отворија девојките од Скопје кои поведоа со 0-1, а потоа броеа до три. Кавадарчанки намалија во продолжение на 1-3, РК Ново Лисиче од минута во минута во првиот дел го зголемуваше водството и на одмор замина со високи 8 гола предност. На семафорот во “Јане Сандански“ стоеше 5-11 за скопјанки.
Вториот дел со гол го отворија девојките на Ново Лисиче за 5-12, на што Вардар ДВ веднаш одгоори со погодок за 6-12. Вториот дел имаше исти тек како и првиот со постојана доминација и зголемување на водството на скопјанки кој на крајот победија со 24-7. Кај поразените Надица Јовановска беше прв стрелец со 3 гола, кај победникот Бојана Коцева имаше 6 гола.