Девојките на Симе Симовски, младите вардарки од екипата на Вардар Јуниор во рамки на 23.коло од женската Супер лига вчера го пречекаа тимот на “фенерџијата“ во лигата екипата на ЖРК Гевгелија. Вардарки триумфираа со одлична игра особено во вториот дел, на полувреме беше 13-12 за црвено-црните. Во вториот дел бевме фантастични и победивме со 36-24, овој период го одбележа успешното деби на 14.годишната голманска надеж Симона Грујовска.
Натпреварот кој се играше во Спортско рекреативниот центар “Кале“ во Скопје, почна со по два гола во двете мрежи за почетни 2-2. Потоа следеше период на гевгеличанките кои со серија 1-4 се одлепија на “три плус“, 3-6. По консолидирањето на нашиот тим по оваа серија минавме во офанзива, ние доминиравме на дуелот успевајќи да вратиме со серија 5-1 со која го преземавме водството со минимална предност 8-7 пред почетокот на последните десет минути од натпреварот. До крајот на првиот дел двете екипи играа рамноправно, постигнаа по исти број голови па на пауза се замина со предност од 13-12 за нас.
Вториот дел кој речиси целосно го одбрани новата голманска надеж на црвено-црниот тим, дебитанката Симона Грујовска го добивме со фантастична игра. Фуриозни бевме во воведните минути па со неверојатна серија 7-1 се одлепивме на “плус седум“, по ова водство со 20-13 веќе се назираа новите бодови на црвено-црниот состав. До крајот иако имаше доволно време сепак немаше возбудувања во одност на резултатот. Со рутинирана игра, го задржавме водството и го зголемувавме перманентно до крајот па така триумфиравме по 60.минути ракомет со резултат 36-24.
Првите 34.минути ги бранеше првиот голман на Вардар Јуниор, Слободанка Кицеска, која забележа 8 одбрани. Во 34.минута тренерот Симовски и даде прилика за деби на младата голманска надеж, Симона Грујовска која има само 14.години. Таа имаше деби за паметење во сениорскиот тим на Вардар, бранеше фантастично и зрело против гевгеличанки. Впишувајќи дури 11 одбрани зад своето име на ова деби, таа е дел од младите категории на Вардар од октомври 2016 година. Постепено напредуваше изминатиот период под будното око на ракометниот голмански стручњак Александар Царчев. Токму тој може да кажеме дека е најзаслужен, се разбира заедно со преданоста на Симона за ваквиот напредок. Царчев успева да постигне со континуирана и предана работа со сите голмани огромен и лесно забележителен напредок кој е евидентен. Грујовска вчера покажа квалитет и капацитет, таа одбрани фантастично, дека е задоволен од нејзиниот настап и смета дека одлично одбранила ни потврди и самиот Царчев.
Вардар Јуниор: Кицеска ( 8.одб), Грујовска (11.одб), Николовска 1, Карчева 1, Вењановска, Атанасова 2, Трпевска 1, M.Николовска 2, Диневска 4, Божиновска 7, Филиповска 3, Иванова 1, Николиќ 6, Петковска 3, Галевска 1, Костиќ 4.