Во салата “Кале“ во Скопје кадетките на Вардар Јуниор ја пречекаа младинската екипа на ЖРК Металург во дуел од младинската лига. Нашите дами иако помлад колектив од противникот одиграа одлично се бореа, сепак беа поразени со резултат 26-30 на крајот.
Први со гол натпреварот го отворија гостинките, ние веднаш одговоривме со погодок за почетни 1-1. Во почетните минути нашиот ривал влезе подобро па успеа да се одлепи на два гола, тие поведоа со резултат 3-5. Ние успеавме да изедначиме во продолжение на 5-5. Сепак тие успеаа повторно да се одлепат на два гола поведувајќи со резултат 7-9. По овој резултат се до крајот на првиот дел се одиграа рамноправни минути, се играше игра гол за гол. Двата тима постигнаа по шест гола во противничката мрежа па на одмор се замина со предност на сино-белите дами со резултат 13-15.
Вториот дел почна со гол за нас со кој намаливме на 14-15, но потоа минути имаа нашите противнички тие влегоа во серија. Со серија 1-5 девојките на Металург се одлепија на “плус пет“, 15-20. Потоа повторно имаше рамноправна игра на теренот двата тима постигнуваа по еднаков број на голови, па тоа му одговараше на противникот кој во последните 10.минути влезе со пет гола на контото, односно со резултат 23-28. Во финишот само намаливме немавме можност за кратко време да направиме ништо повеќе освен да го ублажиме поразот, ние бевме поразени со резултат 26-30.
Кај нас Седлоска имаше дури 13 гола, Софтовска постигна 5, Дамјановска имаше 2, а по еден гол имаа: Петкоска, Џатева, Костиќ, Минова, Јакочевска и Талевска. На голот Грујоска имаше 6 одбрани (1пенал и 3 контри), а Трајкоска 4 одбрани (2 котри)