Wednesday ,17 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Кадетките го освоија шампионатот во Литванија, Коцева со 5.гола во финалето
Кадетките го освоија  шампионатот во Литванија, Коцева со 5.гола во финалето

Кадетките го освоија шампионатот во Литванија, Коцева со 5.гола во финалето

Денес, кадетската селекција на Македонија освои злато   славеше над Исланд (26-27) и заврши како прва на ЕХФ Шампионатот кој се одржа во Литванија. Со ова се обезбеди и место на кадетското Европско првенство кое следи.

Натпреварот почна крајно изедначено и се играше претежно гол за гол. Исланд и Македонија цела средба беа блиску, беше 6-6, па 8-8, додека на паузата се замина исто така со изедначен резултат – 12-12. На стартот на вториот дел Исланд го зададе првиот удар, дојде до два позитива (15-13), но Македонија не се предаде, па со два гола на Дукоска изедначи на 16-16. Се соземавме ја преземавме контролата и почнавме да го котролираме финалето. Побдата дојде со резултат 27-26.

Бојана Коцева со 5.гола беше втор стрелец денес во финалниот дуел, покрај неа вардарки кои настапија на овој шампионат беа и Коцева Борјана, Мила Пешиќ, Јана Равојска и Тошевска Магдалена.