Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките против Стружанка во 1/4-финалето
Кадетките против Стружанка во 1/4-финалето

Кадетките против Стружанка во 1/4-финалето

Во  Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за четвртфиналните натпревари и завршните турнири. Кај кадетките познати се сите четвртфиналисти, кои ќе се борат за место меѓу најдобрите четири оваа сезона.

Кадетки, четвртфинале:

Гевгелија – Скопје
Вардар – Стружанка
Јехона – Делчево Вардар
Деспина – Ѓорче Петров

1/4-финалните натпревари се предвидени да се одиграат на 13 или 14 мај, додека завршниот турнир е планиран за 27 и 28 мај.