Пионерките на РК Вардар утре ќе разигруваат за третото место на турнирот во Белград, откако во полуфиналето беа минимално поразени од екипата на Белград.
Избраничките на Ристова одчино го започнаа натпреварот и по пет минути играа имаа водство од 4:2. Сепак во продолжение од мечот, противникот успева да постигне пет последователни голови и да поведе со 4:7. Ова водство екипата на Белград го одржуваше до крајот на првото полувреме, кога на одмор се замина со резултат 7:10. Следуваше интересно второ полувреме, каде противничкиот тим ги одржуваше највисоките три голови разлика (9:12). Вардар започна да игра многу подобро и во проолжение од мечот направи серија од 5:0 и поведе со 14:12. Имаа црвено-црните и водство од 15:13, но дозволивме на Белград да врати со серија од 0:3 и да поведе со 15:16. Вардар во следниот напад израмни на 16:16, но во возбудлива завршница, противникот подобро се снајде и постигна гол за победа. Конечниот резултат гласеше 16:17. Најефикасна во нашите редови беше Софтовска со 6 и Ѓорѓиевска со 4 голови. Така утре во борба за третото место, нашите пионерки ќе играат со екипата на Будуќност.
Кадетките исто така не успеаа да обезбедат финале и утре ќе играат за третото место. Екипата на Будуќност беше пречката за Вардар кон пласман во големото финале. Мечот со Црнагорките го загубивме со 14:8. Претходно во третиот натпревар од групата забележавме и трета победа, откако бевме подобри од екипата на Јуниор. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 23:19. Тука во текот на целиот меч имавме водство и без поголеми проблеми на крајот успеавме да запишеме нов триумф. Бојана Диневска на овој дуел постигна 4 гола, додека 3 беа дело на Ивана Блажевска.