Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар СЦЈС се вицешампиони на Македонија, откако денес во финалето загубија од Металург

Кадетките на Вардар СЦЈС се вицешампиони на Македонија, откако денес во финалето загубија од Металург

Кадетките на Металург се старо-нови шампиони во домашното првенство. Денес во градот Охрид се одигра завршниот турнир на најдобрите четири екипи од регуларниот дел на сезоната во кадетската лига. Во големото финале вечерва играа Вардар СЦЈС и Металург, а трофејот на крај е за тимот од Автокоманда.

Во најголем дел од мечот, екипата на Металург имаше водство и контрола на резултатот. По првото полуреме тие имаа минимална предност од 12:10. Во вторите 30 минути ја одржуваа предноста и не дозволија на Вардар посериозно да се доближи. На крајот противникот славеше со конечен резултат од 26:21 и на тој начин се промовира во шампион на Македонија. Најефикасни кај Вардар беа Ивона Трпевска со 9 и Ивана Блажевска со 7 погодоци.

7

Третото место му припадна на домашниот Лихнид 2012, која во малото финале беше поуспешна од Куманово. Во полуфиналето Вардар го победи Куманово, додека Металург беше подобар од Лихнид.

ВАРДАР СЦЈС: Бабунска, Ивановска, Паланковска, Танчева, Нелоска 2, Величковска, Мицевска, Атанасова, Трпевска 9, Митровска 1, Стојчевска, Трајкова, Диневска 1, Сандева, Блажевска 7, Цветановска 1.

Во идеалниот тим се најдоа две наши ракометарки. Бојана Диневска е најдобро лево крило, додека за најдобар голман беше прогласена Јована Мицевска.