Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кастратовиќ: Задоволни сме од сезоната – Пенезиќ: Следната сезона, се надеваме на финале
Кастратовиќ: Задоволни сме од сезоната – Пенезиќ: Следната сезона, се надеваме на финале

Кастратовиќ: Задоволни сме од сезоната – Пенезиќ: Следната сезона, се надеваме на финале

Вардарки и втора година по ред се најдоа на третото место во Европа. На завршниот турнир на најдобрите четири екипи, кој се играше во Будимпешта, црвено-црните го освоија бронзениот медал.

  • Честитки за моите девојки, имаа тежок и лош меч во полуфиналето и им беше тешко да се кренат психолошки, тоа не беше лесно. На почетокот на ЛШ не бев задоволна, затоа што не игравме добро, имавме и повреди, но кога требаше, екипата покажа дека заслужува да игра на Ф4.-Изјави Индира.

Одигравме одличен меч против Ѓер, Андреа Пенезиќ ја одигра најдобрата сезона во својата кариера, токму во дресот на Вардар. Сезоната ја заврши со вкупно 102 постигнати голови, и заедно со Романската репрезентативка Неагу ја понесоа наградата за најдобар стрелец во ЛШ.

  • Може да се каже дека ова ни е некаква утешна награда. Тешко беше да се соземеме и да ја кренеме тимската атмосфера и енергија по тешкиот пораз од Будуќност, но ете успеавме и собравме сила. Драго ми е што победивме и поради нас самите и поради сите навивачи кои дојдоа да нѐ поддржуваат. Среќни сме што сме трети во Европа и се надевам дека следната година ќе играме финале- изјави Пенезиќ.