Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кастратовиќ: Девојките се мотивирани и се подготвени за еден добар меч

Кастратовиќ: Девојките се мотивирани и се подготвени за еден добар меч

Вардаровата експедиција вчера пристигна во Будимпешта и полека ги загрева дланките за големиот предизвик што следува. Претходно девојките за овој настан се загреваа преку мечеви во Супер-лигата, и со двата силни контролни натпревари со лидерот во Француското првенство,тимот на Флери. Во тие мечеви беше забележена една победа и еден пораз. Кастратовиќ и Питлик максимално ги подготвија девојките, за завршниот турнир во Будимпешта.

  • Имаме големо искуство од минатата година, сега сме многу поподготвени на сѐ што нѐ очекува. Девојките работеа напорно, одработија сѐ што се бараше од нив. Имавме и екипа од Франција на гости која многу добро ни дојде, така што сега веќе имаме една позитивна тензија сите едвај чекаме да почне Ф4, вели Индира.

Противник е стариот должнк од минатата сезона, екипата на Будуќност која не елиминираше пред една година, дури по продолженијата.

  • Будуќност е една екипа која има големо искуство и квалитет, но мислам дека ние сме подобри од минатата година. Тогаш беше, можеби, сѐ некако бргу. Дојдовме до Ф4, малку беше сѐ еуфорично, но мислам дека сега сме многу поподготвени. Ја знаеме играта на Будуќност, последниов месец се подготвуваме специјално за нивната игра, нивната поцврста одбрана. Јас секогаш велам дека одбраната го добива натпреварот, а мислам дека моите девојки сега се многу подобри во тој дел. Знаеме како беше лани со Будуќност и продолженијата и целата драма и затоа сега влегуваме повнимателно. Мислам дека девојките се мотивирани и се подготвени за еден пекол во Будимпешта, за еден добар меч. Знам дека и овој пат нијанси ќе пресудат, но се надевам дека ќе биде во наша корист, изјави тренерот на Вардар за клубскиот официјален сајт.