Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кичево 10 , недораснат противник за младинките на Вардар
Кичево 10 , недораснат противник за младинките на Вардар

Кичево 10 , недораснат противник за младинките на Вардар

За разлика од претходниот натпревар против Рк Чаир, денес нашите младинки не дозволија нова возбудлива завршница и рутинирано го совладаа својот противник. Освен отварање на резултатот во корист на гостинките, остатокот од дуелот помина во доминација на Вардарки. Конечниот резултат гласеше 29:13. Црвено-црните не успеаа во првите четири минути да постигнат гол, но после тие моменти тргна возот за нашиот состав. Направија серија од 4:0 и ја преземаа играта во свои раце. До средината на првото полувреме, Кичево успеваше да одржи негатива не поголема од четири гола. До крајот на првиот дел, гостинот успеа да постигне само два погодоци, наспроти нашите девет. Јована Мицевска го започна мечот на голот и имаше одлични одбрани. Во нападот предводени од Ива Божиноска и Анастасија Николовска успеавме да дојдеме до поголема позитива, која на полувреме изнесуваше осум погодоци. На одмор се замина со резултат 13:5.

Во вторите 30 минути, само го скршивме противникот со поголема разлика. На голот, Олгица Костовска ја замени Мицевска. Тренерот Билјана Пецевска почна да ја ротира екипата, давајќи им шанса за игра на сите ракометарки. Серија од 6:0за црвено-црните на стартот од второто полувеме, за веќе високи 19:5 на семафарот. Кичево немаше против игра за нашиот тим, кој очигледно на овој меч беше многу расположен за надигрување. Стрелците во црвено-црниот состав се менуваа, разликата се повеќе растеше. Во последните пет минути, имавме можност за двоцифрена предност, откако поведовме со 29:10. Сепак до крајот, Кичево постигна три гола,доволно само да го ублажи поразот. Конечниот резултат беше 29:13. Убедливо најефикасна кај Вардар беше Ива Божиноска која постигна 9 голови. На овој меч се истакна и новото засилување Тина Тодоровска која беше стрелец на пет погодоци.

Жрк Вардар: Мицевска, Костовска, Китановска 1, Божиновска 9, Николовска 3, Стамова, Стојмановска 1, Колевска 1, Вељановска 1, Карчева 2, Ѓеоргиевска 2, Станиќевска, А.Тодоровска 1, Т.Тодоровска 5, Филиповска 2, Спасовска 1.