Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Клаудија Ѓеоргиевска: Со Свиленград мораме да се фокусираме само на нашата игра. Фаворити сме и тоа мора да го докажеме на теренот
Клаудија Ѓеоргиевска: Со  Свиленград мораме да се фокусираме само на нашата игра. Фаворити сме и тоа мора да го докажеме на теренот

Клаудија Ѓеоргиевска: Со Свиленград мораме да се фокусираме само на нашата игра. Фаворити сме и тоа мора да го докажеме на теренот

Младиот состав на ЖРК Вардар СЦЈС во недела го игра првиот натпревар од осминафиналето на Челинџ купот. Противник е екипата на Свиленград од Бугарија. Денес девојките доцна навечер, околу 23-00 часот со автобус ќе се упатат од нашиот главен град Скопје према бугарскиот град Свиленград каде ќе играат мечот. За овој меч разговараме со играчот на Вардар СЦЈС младата ракометарка Клаудија Ѓеоргиевска, таа вели:

klaudija3

-На овој двомеч со Свиленград мораме да се фокусираме само на нашата игра. Фаворити сме и тоа мора да го докажеме на теренот. Загрижувачки е фактот што имавме неколку лоши натпревари кои се под нашето ниво, но мораме да бидеме најдобри кога е најпотребно. Максимално мотивирани ќе влеземе на првиот натпревар во Бугарија, со силна надеж дека ќе завриме голем дел од работата на овој прв натпревар. Го анализиравме противнкот, подготвени сме, но на овој натпревар се зависи од нас. Во Европа амбициите остануваат исти, најмалку полуфинале во Челинџ купот- изјави за нашиот сајт Клаудија Ѓеоргиевска.

Звонко Ивановски