Утре со почеток од 16 часот продолжуваат возбудувањата во рамките од лигата на шампиони во женска конкуренција. Нашиот ракометен шампион ќе има гостување во Подгорица, против актуелнииот Европски првак. Будуќност во првото коло од новата групна фаза доживеа пораз од Ѓер, кој беше прв после 22 одиграни натпревари. Црвено-црните во еден неизвесен меч го победија Букурешт и се пробија на третото место на табелата, со само еден бод помалку од лидерите во групета, тимовите на Будуќност и Ѓер. “Столбот“ во одбраната на Вардарки, Андреа Кликовац очекува тежок меч, но и верување во својата екипа дека може да стигне до победата.
-Очекувам многу тежок натпревар бидејќи играме во Подгорица. Знаеме дека Будуќност е препознатлив по својата цврста игра во одбрана, но и ние ќе одговориме на ист начин. Натпреварот со Букурешт очекувано беше тежок, од причина што беше прв во новата групна фаза и они се навистина добра екипа, сепак ние одигравме добро во двата правци и победивме.
Андреа кликовац која настапува за репрезентација на Црна Гора, сигурно највеќе го познава тимот на Будуќност кој е предводен од Драган Аџиќ.
Ќе биде многу неизвесно со Будуќност, но меѓу нас нема никакви тајни, бидејќи одлично се познаваме. Мислам дека имаат предност бидејки играат на домашен терен и пред својата публика. Сепак доколку одиграме цврста и агресивна одбрана и стрпливо во нападот, можеме на крај да стигнеме до победата, изјави Андреа Кликовац за нашиот сајт.
Звонко Ивановски