Во еден неизвесен и тежок натпревар пионерките на Жрк Вардар беа поразени на гостувањето во Струга против истоимената екипа. Конечниот резултат гласеше 14:10. На полувреме се замина со предност на домаќинот од 7:5.
-Уште во почетокот на натпреварот згрешивме. Нашата одбрана беше совладувана од нивните лесни напади. По свиканиот тајмаут од нашиот тренер, ние малку се поправиме. Пробавме да изедначиме до крајот на првото полувреме, но успеавме само да ја намалиме разликата на 2 гола, со резултат 7-5.
Со почетокот на второто полувреме нашиот напад беше едноврсен секој сакаше да шутне, а шутевите беа неуспешни завршувајќи во рацете на противничкиот голман. Грешевме поради тоа што не ги слушавме советите на тренерот.
Најефиаксни беа Јакимовска со три гола. Цветковска и Ивановска псотигнаа по два.
-На овој натпревар не постигнавме многу голови, немаше поединци кој се издвојуваа со поголем постигнат број на голови. Затоа заедно со моите соиграчи ќе даваме се од себе за да имаме поорганизирани напади и посилна обрана, со која ќе нижеме успеси во понатамошните натпревари, изјави Кристина Таневска за Вардарфанс.
Звонко Ивановски