Денес со почеток од 14.30 часот, вардарки ќе го бркаат седмиот пехар од Купот, а кумановки ќе го бранат единствениот, освоен пред точно две години, токму против Вардар. Кај дамите големото финале е на програмата денес, Вардар го совлада вчера Чаир, а Куманово беше подобар и закажа дуел денес по победата над Металург.
Овој напревар ќе се емитува низ директен пренос на Македонската радио и телевизија на нејзиниот спортски канал, МТВ3.