Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сребро за ЖРК Вардар во Купот, Илиќ најдобар голман на Ф-4
Сребро за ЖРК Вардар во Купот, Илиќ најдобар голман на Ф-4

Сребро за ЖРК Вардар во Купот, Илиќ најдобар голман на Ф-4

ЖРК Вардар дојде до „среброто“ во Купот на Република Македонија. Денес во големото финале, тимот на Куманово беше поуспешен од црвено-црните дами. Кумановчанки ја оправдаа фаворитската улога поради возраста и квалитетниот ростер и победија со 26-18.

186501740_10219561904980418_7789582250674311216_n
Отворивме подобро од ривалот со две одбрани на Илиќ и три прецизни пенали на Трпевска Ивона, црвено-црните водеа 3-1 во 7.минута. Предноста од два гола ја чувавме до 10.минута кога Диневска погоди од позиција на пикер за 5-3. Куманово влезе во серија и успеа да поведе со високи 6-10 имаа и напад за плус пет. Нападнаа со 7 на 6, Џатевска Ивана украде и погоди од гол на гол, а во следната акција повторно таа намали на 8-10 откако доби одлична асистенција од Галевска. Куманово се одлепи на 8-12, противникот не успеа од пенал да ја совлада нововлезената Грујовска, конечните за првиот дел 9-12 ги постави Михаела Стојановска од пенал во 29.минута од ова финале во Купот.

187146183_10219561904220399_6302621295133310991_n 186522270_10219561904020394_6414698000050545578_n
Вториот дел започна со одбрана на Грујовска и погодоци на Костовиќ и Стојановска за 11-12 минимална негатива по 5.минути ракомет во „Автокоманда“. Куманово врати со иста мерка и се врати на плус три (11-14). Против нас имавме поискусен, поврозрасен ривал кој во своите редови има и интернационалки, но се боревме од срце.Се играше гол за гол во последните 17.минути влеговме со резултат 14-17. Тука изгубивме ритам и со два врзани гола ривалот отиде на плус пет (14-19) најавувајќи победа за пехар. По овој момент се беше решенно, ние делумно паднавме и на психички план па ривалот создаваше предност. Победата дојде со 26-18.
Кај Вардар, Трпевска постигна пет погодоци, Илиќ  беше избрана за најдобар голман на Ф-4.