Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > „Лавиците“ со висока победа ја започнаа 2020, совладан тимот на Велкова-5
„Лавиците“ со висока победа ја започнаа 2020, совладан тимот на Велкова-5

„Лавиците“ со висока победа ја започнаа 2020, совладан тимот на Велкова-5

Пионерките на Вардар денес ја започнаа пролетната полусезона, тие во Јане Сандански ја пречекаа екипата на Велкова-5. Девојките на Платон и Папуџиева лесно се справија со ривалот и победија со 25-13.

Вардарки отворија одлично на почетокот, тие поведоа со 4-0 во првиот налет, ги сопраа ривалките и успеаа да погодат четири пати. Потоа водевме и со 6-1 некаде околу средината на првиот период. Вардарки ја стабилизираа предноста, успавме истата да ја зголемиме и на одмор да заминеме со шест гола предност за нас, на семафорот во Јане Сандански стоеше  13-7 за тимот на Платон и Папуџева.

Веќе на почетокот на вториот дел успеавме да направиме серија 5-0, по која отидовме на двоцифрена разлика, односно поведовме со 11.гола (18-7). Се до крајот беше чиста формалност, ние повторно во вториот период од ова полувреме како и во првото ја стабилизиравме предноста. Победата дојде со резултат 25-13.

Најефикасен играч денес беше крилото Ива Ангеловска со 6 гола, втор стрелец беше Бојана Коцева со четири погодока. По три пати во мрежата на ривалот погодија Сара Стефаноска и Борјана Коцева. Два пати умешни беа: Јана Равојска, Мила Пешиќ и Зорица Андовска, со по еден гол во листата на стрелцијте се впишаа: Мила Крагељ, Андреа Миланова и Наталија Максимовска.