Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Амандин Лејно донесе прва победа за Жрк Вардар на “Букурешт трофеј“
Амандин Лејно донесе прва победа за Жрк Вардар на “Букурешт трофеј“

Амандин Лејно донесе прва победа за Жрк Вардар на “Букурешт трофеј“

Во една неизвесна завршница екипата на Жрк Вардар ја забележа првата победа на турнирот “Букурешт трофеј“. Иако во поголем дел од натпреварот имавме негатива, сепак благодарение на одличната Лејно на голот успеавме да забележиме триумф со минимални 27:26. Првите два голови беа постигнати од ударите за седум метри, по еден на двете страни. Се играше израмнето се до 10 минута, кога Дамњановиќ со својот прв погодок донесе предност за Вардар (4:3). Потоа следуваше несфатлив пад во нашата игра, кој им овозможи на Романките да направат серија од 0:5 и да го свртат резултатот на 5:8 во 18 минута од мечот. Во тие моменти направивме голманска измена, на местото на Суслина на голот застана Лејно. Со нејзините одбрани, вкупно три за пет минути, успеавме да се вратиме во мечот. Со голот на Дембеле се доближивме на само еден гол негатива (7:8). По подолго време следуваше ново израмнување на резултатот. Новото засилување Човиќ погоди за 10:10. Во тие моменти се играше 26 минута од дуелот. Кога помисливме дека повторно ќе ја преземеме играта и водството, противникот не демантира и врати со нова серија од 0:4. Така на полувреме Корона Брашов замина со позитива од 10:14.

Слаба игра на нашиот шампион и на стартот на вториот дел. Екипата од Романија повторно постигна повеќе голови од нас, за најголема предност во тие моменти 11:18. Со два погодоци на Лекиќ и еден на Зебиќ, намалуваме на достојни 14:18 во 40 минута од натпреварот. Лејно повторно со нејзините одлични интервенции не враќа во резултатска рамнотежа. Во следниот период се игра гол за гол на двете страни, што му овозможува на Брашов да ја задржи стекнатата предност. Со погодоците на Пенезиќ и Дембеле успеваме да намалиме на само два гола негатива 22:24 во 52 минута.  Дамњановиќ со својот трет гол го израмнува резултот на 25:25 на четири минути до крајот. Следеше неизвесна завршниа во која, повторно во главна улога беше Лејно која правеше чуда на голот. Со нејзините интервенции и голот на Лекиќ, сепак на крај забележавме победа од 27:26.

Лекиќ беше наша најефикасна ракометарка со 6 голови. Пенезиќ и Зебиќ псотигнаа по 4 и Дамњановиќ со 3 голови. Лејно го заврши мечот со 16 одбрани, Суслина имаше 3 интервенции.