Екипата на Ѓорче Петров-ЖРК во периодот од 26 (утре) до 28 август ќе го организира меѓународниот турнир “Ѓорче Куп 2022”, откако во минатата година го организираше првото издание, кое ги оправда очекувањата и го зголеми интересот за женскиот ракомет во Македонија.
Во групата А ќе играат екипите на Ѓорче Петров, Вардар и Бор, девојките на Александар Царчев утре ќе го играат првото коло од турнирот. Во истото ќе играат ланските финалисти, домаќинот Ѓорче Петров-ЖРК и нашиот ЖРК Вардар. Дуелот ќе биде прв на турнирот и е закажан со почеток во 18-00 часот. И ова издание како и првото, натпреварите ќе се играат на отвореното игралиште покрај “Камин Кама”.