Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > „Лавиците“ не дозволуваат никој да ја загрози нивната „хегемонија“, победа во дербито кај Делчево со двоцифрена предност
„Лавиците“ не дозволуваат никој да ја загрози нивната „хегемонија“, победа во дербито кај Делчево со двоцифрена предност

„Лавиците“ не дозволуваат никој да ја загрози нивната „хегемонија“, победа во дербито кај Делчево со двоцифрена предност

Мечот кој беше дерби за врвот, се претвори во црвено-црна ракометна лекција. „Лавиците“ недозволуваат никој да ја загрози нивната хегемонија, тие  на гостувањето кај РК Делчево во дербито победија со двоцифрена предност. Пионерскиот тим на Вардар реди победи, ова е петта победа во исто толку мечеви, заедно со 12.победи од лани серијата се искачи на 17 меча со триумфи.

Апсолутно на самиот почеток покажавме дека на овој дуел кој требаше да биде дерби дека имаме намера да владееме. Во ниту еден момент не бевме во резултатска симтрија или негатива, поведовме со 0-2, а потоа и со плус четири,  1-5 покажувајќиј а целата „лепеза“ на уиграни акции во одбрана и напад кои ги владееме. Минута по минута потоа ја зголемувавме разликата, успеавме со двојно повеќе голови да заминеме на одмор. Доминацијата беше тотална, на пауза се отиде со осум предност за нас односно со резултат 6-14.

 Ривалот покажа „заби“ во воведните минути на вториот период, на два наши гола одговори со двојна мерка па намали дел од разликата, тие дојдоа до резултат 10-16. Вардарки по ова воопшто не помислуваа да дозволат да ја изгубат контролата на мечот, напротив тргнаа во контра-офанзива, нормални како што е познато за нив истата беше пеколна. Со серија 1-5 отидовме на двоцифрена предност, поведувајќи со резултат 11-21. Се до крајот беше рутина, ние со дест предност забележавме важен триумф, резултатот по 40.минути ракомет беше  15-25.

Платон повторно  ја спроведе својата тактика на иделна ротација, сите девојки имаа до три гола, повторно победи колективот.  

Вардар: Ѓорѓиевска, Андоновска 3, Крагељ 2, Равојска 2, Стефаноска 3,  Коловска 3,  Трајановска, Христовска, Борјана Коцева 2, Ангеловска 1, Максимовска 2, Миланова, Пешиќ 2, Радевска 2, Бојана Коцева 2, Ангелова 1,