Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Жрк Вардар со шест европски меча во февруари, четири за првиот тим во Л.Ш и два за Јуниор во Челинџ
Жрк Вардар со шест европски меча во февруари, четири за првиот тим во Л.Ш и два за Јуниор во Челинџ

Жрк Вардар со шест европски меча во февруари, четири за првиот тим во Л.Ш и два за Јуниор во Челинџ

Кај женскиот ракометен црвено-црн колектив сезоната е веќе започната и двата тима првиот и вториот т.н Јуниор одиграа веќе по два европски меча во овој прв месец од годината. Први отворија повозрасните со мечот против романски ЦСМ Букурешт кој го добиа со минимални 22-21. Потоа во Челинџ купот младите вардарки со две победи ја минаа Минаква Војводина и стигнаа до свој историски настап меѓу најдобрите осум. Последен за јануари беше мечот кај Будуќност на избраничките на Кастратовиќ кој го загубивме со убедливи 31-19.

И следниот месец двете екипи ги чекаат мечеви вкупно шест во европските натпреварувања. Екипата предводена од селекторот на Македонската А-селекција Симе Симовски Вардар Јуниор за противник во 1/4 финалето од Челинџ купот го добија шампионот на Украина од 2012 и 2013 година екипата на Карпати.  Вардар јуниор е домаќин на првиот меч, кој според распоредот би се играл на 20 или 21 февруари, додека на реваншот нашите ракометарки ќе гостуваат една недела подоцна, на 27 или 28 февруари. Избраничките на Кастратовиќ прв предизвик следниот месец е на 6-ти кога во Скопје гостува последно пласираната во групата  екипата на Савехов од Шведска. Потоа на 16 февруари гостуваме кај романски ЦСМ Букурешт, а следен предизвик ни е домашниот меч со Будуќност на 21 февруари во Јане Сандански. Последен меч во февруари ни е гостувањето кај Савехов во Шведска на 28/02/2016 година.