Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Металург подобри од помладата екипа на Вардар Јуниор
Младинките на Металург подобри од помладата екипа на Вардар Јуниор

Младинките на Металург подобри од помладата екипа на Вардар Јуниор

Екипата на Метлург го доби женското младинско ракометно дерби против Вардар Јуниор, кое вечерва се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда. Можеби очекувана победа за домашниот тим, со оглед дека во составот имаа ракометарки, кои играат и за првиот тим во супер-лигата. Односно тоа е речиси истата екипа, која паралелно се натпреварува и во најсилната женска лига.

Металург добро го отвори натпреварот и поведе со 3:0, за првиот гол црвено-црните да го постигнат после пет минути игра. Вардарки дадоа се од себе да му парираат на противникот, но сепак домашната екипа имаше постојана предност и контрола на резултатот. Беше и 7:2 и до крајот на првото полувреме се одржуваше разликата од 4-6 голови во корист на Металург, за по истекот на првите 30 минути да имаме резултат од 15:9.

Првите два погодоци во второто полувреме им припаднаа на домаќинките, кои веќе имаа убедлива предност од 17:9. Сепак младите Вардарки, кои се предводени од Драгана Пецевска не помислуваа да се предадат, па му дадоа достоен отпор на Металург. Во еден момент со серија од 0:3 успеавме да намалиме на 20:15. Сепак домашниот тим немаше проблеми да го зачува водството и покрај тоа што Вардар Јуниор намали. На пет минути пред крај беше и 25:18, за противникот да направи серија од 4:1 и на крај да слави со двоцифрена предност од 29:19.

Нема што да им се замери на нашите девојки, кои се натпреваруваат и во кадетската лига, а минатата сезона беа шампиони во пионерската лига, што само говори за младоста на оваа надежна екипа. Со оглед дека Металург настапи во ист состав како и на мечевите во супер-лигата, јасно беше кој ќе ги освои бодовите. Сепак честитки за борбеноста и играта на теренот на младите Вардарки. Денес најефикасна во нашиот состав беше Андреа Седлоска која постигна 7 голови.

Вардар Јуниор: Трајкоска, Гроздановска, Арсовска, Дамјановска, Гонзалес, Ѓорѓиевска 3, Петковска 5, Грујовска, Софтовска 1, Наскоска, Џатевска 2, Костовиќ, Миновска, Седлоска 7, Коларовска, Талевска 1.