Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Македонија високо поразени од Унгарија, вардарката Леона Миленкоска најдобар стрелец кај нас
Кадетките на Македонија високо поразени од Унгарија, вардарката Леона Миленкоска најдобар стрелец кај нас

Кадетките на Македонија високо поразени од Унгарија, вардарката Леона Миленкоска најдобар стрелец кај нас

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз на ЕП кое се одржува во Црна Гора. Избраничките на Кристијан Грчевски загубија со резултат 46:17 од репрезентацијата на Унгарија.

Уште по првото полувреме беа решени голем дел од работите околу конечниот победник, кога на пауза се замина со резултат 23:6.

Леона Миленкоска од редовите на Вардар беше наша најефикасна ракометарка постигнувајќи пет голови.

Македонија претходно загуби и од Романија, додека во следното коло се среќава со репрезентацијата на Франција.