Пионерките на ракометниот клуб Вардар се поразени во рамките на 13 коло од групата 1 во пионерската лига. Избраничките на Платон го загубија мечот против екипата на Ѓорче и тоа на гостински терен. Домашниот тим триумфираше со резултат 16:14.
Екипата на Ѓорче во текот на целиот меч ја имаше предноста, додека Вардар најмногу што успеа да стори е да намали на еден гол негатива. Противникот поведе со 2:0, за вардарки да го постигнат првиот гол и да го намалат реултатот на 2:1. Беше и 3:2, но од тој период, екипата на Ѓорче направи серија од 3:0 и поведе со највисоки 6:2, раззлика која ја зголеми до крајот на првите 20 минути. Следуваше подобра игра за нашите девојки кои на четири минути пред крајот намалија на 7:5, но пионерките на Ѓорче имаа фуриозен финиш на првото полувреме кога со три последователни голови на одмор, заминаа со најголемо водство, изразено со резултат 10:5
Веднаш на стартот на вториот дел се случи и најголемата позитива за Ѓорче, кој поведе со 11:5, резултат кој не ги обезхраби вардарки кои беа решени да ја намалат негатива. Тоа се случи, кога резултатот на семафорот беше 12:10, по што постоеше резултатска неизвесност.Работите изгледаа решени за домаќинот, кога поведоа со 15:12, но следеше одговор на Вардар, кој со мини серија од 0:2, намали на само еден гол негатива (15:14). Сепак последниот гол на мечот го постигнаа Ѓорче, за конечен резултат од 16:14.
Со овој пораз, пионерките на Вардар драстично ги намалија шансите за пласман на завршниот турнир.
ЖРК Вардар: Пешиќ 4, Крагељ, Коловска 1, Христоска, Борјана Коцева 2, Ангеловска 1, Максимовска 1, Миланова, Радевска, Мирческа, Бојана Коцева 5, Ѓорѓиевска, Тошевска.