Сара Миновска настапува за кадетките на ракометниот клуб Вардар. Таа е млада и надежна ракометарка која имаше одлична полусезона за својата екипа, каде воедно и е капитен. Ова е нејзина втора сезона во црвено-црниот дрес, откако дојде од ракометнат школа Кисела Вода-Вардар. Во следново интервју ве запознаваме со почетоците на Сара во ракометот, како се случи да премине во Вардар и за нејзизните настапи за кадетките на Вардар, како и очекувањата за пролетниот дел од сезоната и силниот турнир “Трофеј Белград“ кој следува за неколку дена.
-На училиште на часот по физичко почнав да се запознавам со овој спорт и се повеќе да го засакувам. Почнав почесто да пратам натпревари на телевизија, желбата за ракомет ми беше се поголема. По инсистирање на мојот класен раководител, кој е професор по физичко, татко ми ме запиша во школата на РК Вардар – Кисела Вода кај тренерите Влатко и Кристијан.
Сара имаше можност да биде избрана на селекцијата која ја направи ракометниот клуб Вардар по завршување на првиот дел од дебитанстката сезона на “Јуниор“ лигата. Оваа лига се покажа како голем чекор во нејзината понатамошна кариера. Таа доби можност да биде дел од младинските екипи на ракометниот клуб Вардар.
-Почнав во Февруари 2015, по неколку месеци имаше селекција од страна на најдобриот клуб Вардар. Воопшто не очекував дека ке ме примат, затоа што кратко време тренирав. Имав толку голема желба да влезам, како голем сон за нешто што го сакаш премногу. Но сепак се спремив психички дека нема да ме примат, можеби следната година. Кога ме примија, просто не ми се веруваше, зарем се исполнувале соништат. Неможам да објаснам со зборови колку бев среќна, како да влегувам во прв тим, така беше тоа големо нешто за мене. Едвај чекав да почнеме со првиот тренинг. Бев многу добро прифатена, пред се од тренерот се до девојките.
Ова е вториот тим на кадетките на Вардар кои во својата група се натпреваруваат со повозрасни екипи и завршија на третото место по завршување на полусезоната во групата 1. Беа остварени три победи и два порази.
-Ние сега сме еден тим, една фамилија, која се сака и почитува меѓусебно која е поврзана со една иста желба и цел. Сезоната почна добро имавме три победи и два порази, со оглед на тоа дека игравме со повозрасни од нас, може да се каже дека е задоволително, ама секогаш може и подобро. На утакмицата во Куманово прво полувреме одеше добро, но второ полувреме незнам што се случи паднавме во играта. Со Металург иако беа доста повозрасни од нас добро се држевме, но сепак не доволно за победа. Против екипата на Делчево имавме постојани исклучувања и без играч, но сепак победивме. Другите утакмици ги поминавме лесно со тимска игра.
Сара Миновска е трет најдобар стрелец во својата екипа, постигнувајќи 15 голови во првиот дел од сезоната.
-Јас сум презадоволна од мојата ефикасност во првиот дел, повеќе ми значи тоа што се чуствувам корисна за мојот тим бидејќи тоа се заеднички успеси, пред се голема заслуга на тренерите Драгана и Биби, ние сме едно цело поврзани меѓусебно. Ќе дадам се од себе во вториот дел да бидам уште поефикасна, со цел до победа, не се битни головите ова е тимска игра, важно е да се одигра добра игра со победнички резултат. За втората сезона очекувам место погоре за нашиот тим, мислам дека можеме, сега сме многу поуиграни, со подобра одбрана и напад.
Во периодот од 27-29 декември кадетките на Вардар ќе бидат дел од силен меѓнароден турнир во Белград. Ова за нив ќе претставува голем предизвик и проверка на моменталната форма.
-Сега сме во подготовки за турнирот “Трофеј Белград“ кој започнува во вторник. Не ги познаваме екипите што ќе учествуваат затоа и неможам многу да кажам како ќе биде, но знам дека ќе дадеме максимум од нас и верувам дека ќе се вратиме со добар резултат.
Звонко Ивановски