Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > После три порази во серија, Митјиланд се врати на победите, противникот на Вардар се покажува како подобар кога игра на гостински терен
После три порази во серија, Митјиланд се врати на победите, противникот на Вардар се покажува како подобар кога игра на гостински терен

После три порази во серија, Митјиланд се врати на победите, противникот на Вардар се покажува како подобар кога игра на гостински терен

Митјиланд успеа да се врати на победите во плеј-офот на националното првенство, откако на гостински терен беа подобри од екипата на Есбјерг, со резултат од 28:30. После три порази во серија од кои еден во ЛШ од Вардар и два во првенството, Митјланд конечно успеа да слави.

Иако нашиот противник во четвртфиналето на ЛШ, настапи на овој дуел без своите две најдобри ракометарки, Бургард и Кристијансен тоа не беше пречка за нив на крајот да слават победа. Иако домашниот тим подобро го започна мечот и поведе со 3:0 и 4:1, за брзо време, екипата на Митјиланд успеа да воспостави резултатска рамнотежа и да го израмни резултатот на 5:5. До крајот на првото полувреме гледавме игра гол за гол на двете страни, Есбјерг најчесто имаше водство од еден гол разлика, се до моментот кога при водство на домашниот тим, Митјиланд направи серија од 1:4 и поведе со 10:12. На полувреме се замина со резултат 11:12. Во второто полувреме на девет пати резултатот беше израмнет, а Митјиланд имаше предност која се движеше од 1-2 гола разлика, која истата ја зачува и после истекот на 60-те минути.

Ова беше втора победа во лигата за екипата на Митјиланд, која има и исто толку порази. Двете победи се на гостински терен додека поразите ги доживеа пред својата публика. Ова треба да биде знак за вардарки, кои треба со големо внимание да ги одиграат сите 60 минути на реваншот во С.Ц. Јане Сандански, со оглед дека скандинавките не се предаваат и играат се до последен момент без обзир на резултатот и теренот.