Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Сара Митова во новата сезона ќе игра за Сондерјиске од Данска
Сара Митова во новата сезона ќе игра за Сондерјиске од Данска

Сара Митова во новата сезона ќе игра за Сондерјиске од Данска

Сара Митова не е повеќе дел од екипата на ЖРК Вардар СЦЈС, откако крилото се реши на интернационална кариера, потпишувајќи едногодишен договор со Данската екипа, Сондерјиске. Сара е исто така и репрезентативка на Македонија

-Таа е многу интересен играч, па веднаш ќе ја приклучиме кон тимот. Доаѓа кај нас, бидејќи нејзиниот репертоар во играта е одличен. Покрај одличните индивидуални квалитети, ќе се обидеме да ја инкорпорираме и во нашиот колектив, изјави Оливера Кецман, тренерот на новата екипа каде ќе настапува Митова.

Митова е четвртата ракометарка, која го напушти вториот тим на Вардар. Претходно тоа го направија, Симона Стојановска, Наташа Нолевска и Љупка Белмезова. Митова пред две сезони беше дел и од првиот тим на Вардар, но не успеа да се вклопи во замислите на клубот,кој се обидува секоја сезона да ја освои лигата на шампионите.