Денес двете екипи на црвено-црните во младинската лига го имаат првиот пролетен дуел, и токму меѓусебниот меч од лигата е прв нивни предизвик. За напомена младинскиот тим на Вардар е предводен од тренерскиот тандем, Анжела Платон- Кузмановска Александра, додека Вардар Јуниор го предводи Драгана Пецевска.
Дуелот ќе се игра денес, четврток во С.Р.Ц. “Кале“-Скопје, средбата помеѓу екипите на Вардар и Вардар Јуниор е закажана со почеток во 20-00 часот. Подобри на првиот меѓусебен натпревар беа девојките од Вардар Јуниор, кои славеа со резултат 21:29 (11-14).