Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар Јуниор ја “потопија“ Гевгелија, примија само три гола во првиот дел, а во вториот ниту еден
Младинките на Вардар Јуниор ја “потопија“  Гевгелија, примија само три гола во првиот дел, а во вториот ниту еден

Младинките на Вардар Јуниор ја “потопија“ Гевгелија, примија само три гола во првиот дел, а во вториот ниту еден

Денес во салата “Кале“ во Скопје младинската екипа на Вардар Јуниор ја пречека екипата на ЖРК Гевгелија. Во еден дуел во кој ние доминиравме максимално победивме со неверојатни плус 42 гола, односно со резултат 45-3 (24-3). Девојките на Драга Ристова на цел дуел примија само три гола, интересно е што во вториот дел ниту еднаш не беше совладана нашата голманка Трајковска.

Првиот дел почна со огромна предност на црвено-црните дами, тие отворија со високи 8-0 на почетокот и најавија дека денес има само едно отворено прашање, не кој ќе триумфира туку колкава ќе биде нашата победа.  Единственни 2 минути во кој гостинот имаше нешто повеќе од играта беа по ова голема предност, тие дадоа два гола наспроти нашиот еден погодок и намалија на 9-2, сепак тоа беше моментален и случаен блесок кој не се повторни потоа. Од минута во минута потоа само раснеше нашата предност па во последната минута влеговме со дури дваесет гола предност, поведувајќи со 23-3. По успешниот последен наш напад на одмор го однесовме дуелот со резултат 24-3 на семафорот во “Кале“.

Вториот дел беше приказна за себе, се случи нешто што ретко кога сме биле сведоци на такво нешто. Противничкиот тим за целиот втор дел, односно 30.минути не постигна ниту еден гол, нашата Јована Трајковска која влезе во вториот дел во стил на фудбалски голман ја зачува мрежата недопрена. Таа влезе по паузата на место на Симона Грујовска која имаше 70% одбранети удари во првиот дел. Нашиот напад успеаа да погоди малку помалку од првиот дел, ние постигнавме 21 гол за 30.минути и победивме со 45-3.  Кај нас сосема одличен дуел одигра Коларовска Ана Марија која  постигна 11 гола таа блесна ова е нејзин прв двоцифрен ефект, Јаковчевска Ива имаше 7 погодоци, а 5 постигна Донева Јана. На голот одлични беа Симона Грујовска, таа имаше 7 одбрани, 4 фрлени контри  и само 3 примени гола во првиот дел, во вториот дел влезе Јована Трајковска која впиша 9 одбрани, фрли 3 контри и не беше совладана ниту еднаш.

Вардар Јуниор: Трајкоска ( 9 Одбpани),  Гроздановска 2, Арсова, Дамјановска 1, Гонзалес 1, Донева 5, Ѓорѓиевска 4, Петковска 4, Грујовска (7 Одбрани), Наскоска, Џатева 2,  Костовиќ 3, Миновска 4, Коларовска 11, Јаковчевска 7, Талевска 1.

Тренер: Драгана Ристова- Пецевска