Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на ЖРК Вардар триумфално со Скопје

Младинките на ЖРК Вардар триумфално со Скопје

20231022_200530

ЖРК Вардар имаше успешен викенд, по пионерките, кадетките, сениорките и младинките остварија победа.

Младинките на ЖРК Вардар,  го одиграа својот прв натпревар во новата сезона. Ние гостуваме кај екипата на Скопје, на оваа средба дојдовме до убедлива победа со резултат 24-34 (9-19).

Вардарки на почетокот на натпреварот отворија со серија, поведовме со 0-3 веќе во 3.минута со голот на Стефаноска Сара. Вардарки беа тимот кои диктираа темпо, па полека од минута во минута ја зголемувавме предноста, која во 25.минута ја мина двоцифрената граница. По одбрана на Вероника Ѓорѓиевска, во контра одлично погоди секогаш борбената, Борјана Коцева за 7-17. Успеавме на одмор да заминеме со со 10.гола повеќе, за нас погоди за 9-19 Сара Стефаноска, нашиот бек на 4.секунди до крајот по прекршок над неа стрелаше дирекно од 10.метри.

На почетокот на вториот дел за прв пат домаќинот успеа да поврзе два гола во низа и намали на 8.гола негатива (11-19), ние веќе во следната акција преку Леона Франгоска погодивме за 11-20. Царчев од клупата даде прилика на целиот ростер на црвено-црниот младински тим. До крајот на натпреварот го контролиравме резултатот и победивме со двоцифрена предност. Победата дојде со резултат 24-34.

➡️Вардар: Стојчевска, Соколовска, Попова 1, Стефаноска 5, Галачева, Вељановска, Борјана Коцева 5, Франгоска 4, Смилевска ,Тодоровска 4, Симовска , Радевска 8, Ѓоргиева, Миленкоска 6, Милевска 1, Ѓорѓиевска.

Голманките беа одлични Вероника Ѓорѓиевска имаше 12 одбрани (над 60%) за само едно полувреме.Марија Галачевска сопре 4 топки,а Тамара Ѓорѓиева придодаде уште две одбрани