Младинките на ЖРК Вардар ја запишаа и 9 победа по толку одиграни кола во Групата А и се наоѓаат на првата позиција. Денес во салата ,,Круме Кепески” во Кисела Вода ги имаа за противник девојките од ЖРК Шампион кој ги победија со висока разлика од 18 гола или резултат 39-21
Младите вардарки во првото полувреме влегоа фуриозно и поведоа со 3 гола разлика, по овој момент па се до крајот на првото полувреме домашните беа подобар тим од гостинскиот. Дадовме 22 гола во противничкиот гол, а дозволивме да примиме само 10 гола. На одмор заминавме со 12 гола разлика.
Во второто полувреме исто така продолжи доминацијата на вардаки, кој направија серија од 0-3, по која се водеше 15 гола разлика, гостинската екипа немаше сили за враќање на резултатот и до крајот на натпреварот се беше формалност. Натпреварот заврши со високи 39-21.
Прв стрелец беше Наталија Максимовска со 7 гола, Бојана Радевска впиша 6.погодока, Магдалена Тошевска и Јана Равојска постигнаа 5 гола. Четри девојки имаа по 3 гола се работи за близначките Коцеви, пикерот Нина Попова и крилото Теодора Ангелова, Сара Стефаноска и Михаела Велјаноска стрелаа по 2 пати во голот на противникот. Кај голманите, Вероника Ѓорѓиевска и Марија Галачева имаа по 5 интервенции