Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на РК Вардар неочекувано поразени од Ѓорче
Младинките на РК Вардар неочекувано поразени од Ѓорче

Младинките на РК Вардар неочекувано поразени од Ѓорче

Младинките на РК Вардар неочекувано се поразени на гостувањето во Ѓорче, против истоимената екипа. Избраничките на Анжела Платон иако во последните пет минути од мечот влегоа со два гола предност, сепак на крај го загубија дуелот.

Црвено-црните добро го отворија натпреварот, постигнувајќи два гола во серија. Имавме и водство од 2:3, но следи серија на Ѓорче од 5:0 за одлепување од нашиот тим на резултат 7:3. Како одминуваше првото полувреме, Вардарки полека ги консолидираа своите редови и ја намалуваа разликата. Во еден момент намаливме на 10:7, додека на пет минути пред крајот на првото полувреме стиггнавме до израмнување на 12:12. На одмор домашната екипа заминува со минимално водство од 15:14.

Второто полувреме со гол го отвара Вардар, за ново израмнување на 15:15. Во наредните десет минути игра се игра доста израмнето со гол за гол на двете страни, ниту една од екипите не успеа да стигне до преднсот поголема од еден гол разлика. Многу променлива игра на нашиот состав гледавме на овој натпревар. Секогаш кога ќе успеавме да сврземе неколку погодоци и да поведеме со 19:21, екипата на Ѓорче прави серија од 5:1 за да го врати водството на 24:22. Ѓорче имаше предност и од 27:23, но Вардар не помислуваше така лесно да се предаде. Успеваме во 53 минута со серија на погодоци да го израмниме резултатот на 27:23 и да внесеме неизвесност. Вардар беше поблиску до победата, кога поведе со два гола предност од 29:31. Сепак големиот број на технички грешки и нереализирани удари од седум метри си го направија своето. Дојде до пад на концентарацијата во моментот кога се одлучуваше победникот. Ѓорче до крајот постигнува четири гола, а не дозволува на Вардар нит еднаш да ја погоди нивната мрежа. Така домаќинот успеа да се радува да оствари триумф од 33:31.

Најефикасна во нашиот состав беше Анастасија Николовска која постигна 11 голови, додека Анастасија Нелоска беше стрелец на 9 голови.

ВАРДАР: Николовска, Стамова, Кицевска, Нелоска, Мицевска, Карчева 3, Трпевска, Георгиевска, Диневска 2, Тодоровска, Реџеп 1, Костадиновска, Цветковска 3, Филипоска 1, Иванова 1, Блажевска.