Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Гевгелија лесен “плен“ за младинките на Вардар Јуниор, кои стигнаа до својата трета последователна победа
Гевгелија лесен “плен“ за младинките на Вардар Јуниор, кои стигнаа до својата трета последователна победа

Гевгелија лесен “плен“ за младинките на Вардар Јуниор, кои стигнаа до својата трета последователна победа

Младинските на Вардар Јуниор стигнаа до нова убедлива победа во рамките на младинската лига. Вечерва избраничките на Драгана Пецевска гостуваа во Гевгелија на истоимената екипа, која ја совладаа убедливо со резултат 9:36.

Самиот резултат говори за тоа какво натпревар се играло во спортската сала “26 април“. Резултатска рамнотежа имаше само во првите пет минути кога резултатот беше 2:3 и 3:4 за до крајот на првото полувреме, Вардарки немилосрдно да ја полнат противничката мрежа, а да и дозволат на Гевгелија да постигне само два гола, наспроти 16 за црвено-црните, за по истекот на првите 30 минути , резултатот на семафорот да гласи 4:20.

На стартот на вториот дел и двете екипи постигнаа по еден гол, за при резултат 5:21, нашиот состав да направи нова голема серија од 0:8 и да имаат повеќеод убедливо водство од 5:29. Стрелците во Вардар се менуваа како на филмска лента, а голем дел од головите ги постигнувавме преку контра-напади. На крајот конечен резултат од 9:36.

Најефикасна кај Вардар Јуниор беше крилото Петковска со 9 голови, додека Софтовска додаде 5. Ова беше вкупно трета победа од исто толку одиграни натпревари за избраничките на Пецевска и Ристиќ. Претходно ги совладавме екипите на Вардар и Кузман – Вардар.

Вардар Јуниор: Гроздановска, Дамјановска 4, Гонзалес 2, Донева 3, Петковска 9, Грујовска 7 одбрани, Софтовска 5, Станчева 5 одбрани, Наскоска 2, Џатевска 1, Костовиќ, Миновска 4, Седлоска, 4, Коларовска 2, Галевска.